24.12.2012 СДСМ во „фајтинг“, Заев во шопинг во Грција

Заев се пазарел за вилата во Грција додека неговите сопартијци иницираа инциденти во македонското Собрание. Додека СДСМ глумеа жртви на полициско насилство на 24. декември 2012 година, Зоран Заев на големо го привршувал договорот за купопродажба на луксузната вила во Неа Мудања. Договорот за купопродажба на имотот во Грција е склучен на 28. декември во 2012 година, само четири дена по инцидентите во Собранието, пишува Вечер.

Лидерот на најголемата опозициска партија, Зоран Заев секојдневно се обидува да го убеди народот во неговите добри намери и да покаже дека е патриот, но ден на ден тој се повеќе се заплеткува во сопствената мрежа на лаги. Јавноста се сеќава на неговата изјава кога побара да си ја „свиткаме кичмата“ за името, а деновиве станавме сведоци како Заеви купувале луксузна хациенда на брегот на Халкидики.

sdsm1

Но, она што е уште поскандалозно е фактот што Заев се пазарел за вилата во Грција додека неговите сопартијци иницираа инциденти во македонското Собрание. Додека СДСМ глумеа жртви на полициско насилство, на 24. декември 2012. Заев на големо го привршувал договорот за купопродажба на луксузната вила во Неа Мудања. Договорот за купопродажба на имотот во Грција е склучен на 28. декември во 2012 година, само четири дена по инцидентите во Собранието.

sdsm3

sdsm4

Во тој период пратениците од СДСМ во серија инциденти се обидуваа насилно да го спречат донесувањето на буџетот и да го спречат функционирањето на институциите. Документите до кои дојдоа медиумите неодамна покажуваат дека Заев, кој упорно сака да се наметне како патриот, вилата ја купувал додека неговите сопартијци предизвикуваа физички инцидент во Законодавниот дом.

Сето ова дополнително ја разгорува атмосферата на „Бихаќка“, бидејќи членството подолг период не се согласува со деструктивната политика на лидерот. Информациите дека Заев купувал хациенда на Халкидики, додека пратениците и членството ги извршувале креираните сценарија уште повеќе го зголемило незадоволството кај членството, пишува Вечер.