240 јавувања на АЛО докторе изминативе два дена

На телефонската линија 15123 преку која се добиваат медицински совети за Ало докторе изминативе два дена имало 240 јавувања, известуваат од ЈЗУ Здравствен дом Скопје.

Најголем број од јавувањата биле поради совети за фебрилни состојби и настинки, притисок, главоболки и кардиоваскуларни симптоми, кои најчесто биле предизвикани од променливото време.

Денеска дежурен доктор е проф.д-р Сашао Караќозов- директор на Клиниката за дигестивна хирургија, а додека пак утре, медицински совети ќе дава д-р Соња Кузмановска од Институтот за клиничка биохемија.