Над 400 велосипедисти на третиот по ред „Tour de Galicica“

По трет пат на падините на прекрасната Галичица се организира велоспидската „Tour de Galicica“. На годинешниот настан кој е во организација на Велоспидското друштво Преспа Бајк од Ресен , потпомогнат од Општина Ресен и SWG ( меѓуминистерска работна група за рурален развој од земјите на западен Балкан) се очекува учество да земат преку 400 велосипедисти од земјата и од Република Албанија.

Велосипедистите промовирајќи ги универзалните вредности на здраво живеење во Преспа ќе имаат одлична можнoст да ги запознаат убавините на Националниот Парк Галичица низ кого на оф- роад патека ќе возат 35 километри. Останатите 35 километри ќе ги возат низ локалните патишта во Ресен. Стартот на оваа ревијална велосипедска тура е во Ресен на 19.07.2016 во 9 часот.

Претходно за сите учесници кои доаѓаат од сите краеви на Република Македонија воспоставен е базен камп на плажата пред хотелот Лејк Вју  каде од денеска логоруваат во шатори поголем број на учесници.

За сите нив во Отешево и за сите други љубители на журка на плажа вечерва покрај брегот на Преспанското езеро се организира музички хепенинг.

Оваа година Општина Ресен заедно со SWG преку програмата Луѓе за Луѓе обезбеди оперативна помош за реализација на „Tour de Galicica“, при што ангажирани се локални водичи кои ќе ги пратат велосипедистите, ангажирана е горската слуѕжба за спасување од Црвениот Крст во Охрид која на денот на одржување на настанот ќе биде распоредена на планината галичица, исто така обезбедени се маици за натпреварувачите, пакети за освежување, промотивни материјали и секако за сите нив во сабота вечер се организира и музички хепенинг во Отешево, истакна Градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски.