четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Таа во интервју за Би-Би-Си истакна дека ќе побара од Парламентот на Шкотска да не даде „законодавна согласност“ за Брегзит.

Стерџон: Парламентот на Шкотска може да го блокира Брегзит

Стерџон: Парламентот на Шкотска може да го блокира Брегзит

Поврзани вести

Претседателката на Владата на Шкотска, Никола Стерџон денеска изјави дека шкотскиот Парламент би можел да се обиде да го блокира излегувањето на Велика Британија од Европска унија.

Таа во интервју за Би-Би-Си истакна дека ќе побара од Парламентот на Шкотска да не даде „законодавна согласност“ за Брегзит.

Поголемиот број од граѓаните на Шкотска гласаа против Брегзит. Стерџон најави и дека ќе побара распишување на референдум за останување на Шкотска во ЕУ.

Шкотската национална партија на Стерџон нема мнозинство во Парламентот и покрај популарноста.

Најчитани вести