петок, 13 јануари 2017  |  Вести денес: 42

„Аеросмит“ најавија крај на кариерата

аеросмит

Последни вести

По цели 46 години на сцената, легендарната американска рок група „Аеросмит“ ќе замине во историјата, изјави пејачот на бендот Стивен Тајлер за време на гостувањето во Шоуто на Хауард Стерн.

– Го сакам овој бенд, навистина го сакам, и благодарен сум на сето она што заедно го направивме досега и што го дочекавме крајот во првичната постава, рече Тајлер, кој потоа најави и проштална турнеја.

Пејачот на неколкупати беше на работ на смртта, поради користење разни опојни супстанци.

Групата „Аеросмит“ е основана во Бостон во 1970 година, а три години подоцна го издаде и првиот свој албум насловен едноставно – „Аеrosmith“. Нивни најголеми хитови се: „Crazy”, „Don’t Wannа Miss а Thing” и „Janie’s Got a Gun”, кои заедно со другите нивни познати композиции ќе ја одбележат претстојната турнеја и ќе ги наполнат американските и светските сали и стадиони.

Завршната турнеја е најавена за наредната 2017 година, но  се уште не се знае кои земји ќе ги опфати.

Најчитани вести