Албанците местеле подготвителни натпревари

Прволигашот од Албанија Теута од Драч, кој што е на подготовки во Австрија, е дел од истрага за местење натпревари.

Наводно фудбалскиот клуб Теута ги „продал“ натпреварите на обложувачката мафија.

Јавното обвинителство во Салцбург отвори истрага за натпреварите, како дел од подготовките на албанскиот клуб во Австрија.

Од Министерството за внатрешни работи истакнуваат дела бил извршен претрес на хотелот во кој што Албанците престојувале.

Во претресот на 25-ти уни биле запленети уреди за комуникација и пишани документи.

Сослушани биле и дел од фудбалерите, предводниците и првите луѓе на клубот и поднесена е пријава.