Семејства од странство посвојуваат дечиња од Македонија

За шест месеци две семејства од странство посвоиле деца од Македонија. Во регистарот се запишани уште 65 странски државјани. Американци, Британци, Швеѓани и Словенци доаѓаат по деца во Македонија, објави „Здравство24“.
Од Министерството за труд и социјална политика велат дека за разлика од македонските граѓани, странците немале големи желби за изгледот, здравствената состојба и националноста на детето. Изминативе години има случаи кога посвојувале и деца со попреченост во развојот.
Според податоците од труд и социјала во моментот бебе за посвојување чекаат и околу 200 Македонци, а заедно со странците вкупната бројка на потенцијални посвоители е 261 семејство, а има 96 деца  кои се на возраст од 7 месеци до 17 години. Од нив 72 се со некаква попреченост во развојот.
Целата постапка за посвојување почќнува од центрите за социјална работа каде посвоителите треба да ја достават неопходната документација.Предност при посвојување имаат македонски државјани, а странците пред да посвојат дете од Македонија мора да поднесат барање во нивната матична држава. Потоа барањето се доставува до надлежната комисија за посвојување при МТСП.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.