Одложени закажаните концерти на Три Круши

Општина Кисела Вода информира дека поради најавите за невреме, концертот на групата “Фортуна” кој требаше да се одржи вечерва на локацијата Три Круши, се одложува. Воедно, се одложува и хумористичната театарска претстава со Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски проследена со музички настап на Момо Николовски, закажани за утревечер.

Истите ќе бидат одржани во нов термин.

Концертот на групата Фортуна ќе се одржи на 20.07.2016

Хумористичната театарска претстава со Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски, која ќе биде проследена со музички настап на Момо Николовски ќе се одржи на 21.07.2016