Тетовец ја претепал и ја силувал поранешната сопруга

Триесет и четири годишниот Н.И. од Голема Речица вчера утрината отишол во куќата на поранешната сопруга во гостиварско Чегране.

Пријавениот отишол во куќата кај неговата поранешна сопруга И. Ш. (35), физички ја нападнал нанесувајќи и телесни повреди, имал сексуален однос, а потоа извадил и пиштол. После тоа И.Ш. пријавила во полициска станица, по што бил извршен увид на местото на настанот, и над истата бил извршен лекарски преглед, информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.