Дете од Стајковци пронајдено мртво, се трага по 14 месечно бебе

Единаесетгодишното момче Иван од Стајковци што вчера беше пријавено за исчезнато во поплавите пронајдено е мртво, информираат од полицијата, објави „Плусинфо“.

Според последните податоци, оттаму се трага и по 14-месечно бебе, кое за време на поплавите се наоѓало во возило на обиколницата заедно со својот татко. Таткото успеал да се спаси.

Од полицијата информираат деа засега немаат информации за други исчезнати лица, но не ја исклучуваат можноста да има и други пријави за исчезнати.