25.000 долари за дружба на Бред Пит

Холивудски актер, Бред Пит, по остварената соработка со компанијата „Групон“, одлучи десет свои најсреќни фанови да ги награди со заедничко дружење во рамките на хуманитарен настан закажан за во мај, меѓутоа за ова уживање, фановите ќе треба да платат 15.000 фунти или нешто повеќе од 25.000 долари.

Хуманитарната вечера е закажана за на 17 мај, а во рамките на истата свој настап ќе има Бруно Марс и групата “Kings Of Leon”.

Победниците и оние најсреќните ќе одлетаат во Њу Орлеанс, каде што три дена ќе престојуваат во хотелот „Даблју“ и ќе уживаат во ВИП третманот, а исто така ќе се забавуваат и со бројни славни личности.

Сите собрани приходи ќе бидат донирани во новата фондација на Бред Пит, „Мејк ит ријт“, која што е задолжена за изградба на домови за луѓето на кои што им е потребна ваквата помош.