25 декември е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 25 декември 2015 година (петок), првиот ден на Божиќ е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на  граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Божиќ.