25. декември неработен ден за Католиците

25 декември, четврток, првиот ден на Божик е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено, Министерството на  граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Божик.