25 годинии од основањето на ВМРО-ДПМНЕ

25 годинии од основањето на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 25 години од основањето.

„Нашата сила е нашиот народ, нашиот народ е нашата држава“ е слоганот со кој денеска ќе се одбележи роденденот на партијата на плоштадот ВМРО. Се очекува пред членовите на партијата и гостите обраќање да има премиерот и лидер на партијата Никола Груевски.

Партијата е  идеолошки наследник на првобитната ВМРО-Внатрешната Македонско Револуционерна Организација, создадена во 1893. По формирањето, ВМРО-ДПМНЕ беше првата партија која официјално се изјасни за самостојна македонска држава.