ТОП,Македонија

Променливо облачно време, попладне дожд и грмежи

Променливо облачно време, попладне дожд и грмежи

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови ќе биде наместа нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 26 до 33 степени.

Во Скопје слично време, претпладне променливо облачно, а од пладне нестабилно со повремен пороен дожд со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и топло, но во планинските предели е можна изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.