среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

Најчести машки грешки за време на секс

Зошто да форсирате нешто во што таа очигледно не ужива? Смислата на сексот е двострано уживање.

fft20_mf6478851

Поврзани вести

И мажите и жените се трудат за време на сексот да бидат што е можно подобри, а притоа забораваат дека сексот не е работа во која треба да се промени само поза. Ова се најчестите грешки кои мажите ги прават за време на сексот, како и неколку корисни совети кои треба да ги земат в предвид.

Испробување на поза во која на партнерката и е неудобно

Заборавете на сите акробатски пози кои сте ги виделе во порно филмовите бидејќи се претерано тешки и почнете од некои полесни и реални. Притоа не заборавајте дека најважно е дека партнерката треба да се чувствува пријатно, како физички, така и психички. Зошто да форсирате нешто во што таа очигледно не ужива? Смислата на сексот е двострано уживање.

seks-foto-shutterstock-1411499615-573395

Кој всушност тука се забавува

Ако сте во поза во која партнерката е над вас, тоа никако не значи дека вие не треба да се мрдате. Мрдајте со колковите, следете ги нејзините движења и подигнете ги колената, така ќе го промените аголот под кој вашиот пенис влегува во нејзината вагина. Со рацете допирајте ги нејзините гради или стимулирајте и го клиторисот.

Мажите не сакаат кога жената под нив лежи и не прави ништо, зошто тогаш мислите дека е во ред и вие истото да го правите кога сте под неа?

Докажување на доминација

Секако дека постојат жени кои сакаат погруб секс, но факт е дека секоја од припадничките од понежниот пол сака и кога ја третирате на посебен начин. Нема потреба да покажувате агресија, брзи движења за време на пенетрацијата, освен ако тоа вам не ве стимулира повеќе. Ако сакате да покажете доминација, направете го тоа на прифатлив налин, а не ја фрлате по креветот како да е кукла.

partneri-muskarci-zene-seks-glasno-zadovoljstvo-orgazam-1363034570-280621

Едно исто

Ако мислите дека е правилно за време на сексот мажот секогаш да биде горе, а жената доле, вие веројатно нукогаш во животот не сте ја ни прашале партнерката што сака. Вистина е дека многу жени уживаат во мисионерската во која на себе ја чувствува тежината и здивот на партнерот, но тоа не значи дека им е пријатно цело време да ги држат нозете во воздух. Сакаат жените и други пози, само треба мудро да ги иницирате…

Пробајте Кама сутра

Не мора да ги испробате сите екстремни пози од Кама сутра, но промените можат да бидат многу значајни за сексуалниот живот. Дури и да уживате во една поза тоа не значи дека истото задоволство не можете да го пронајдете и во друга.

Најчитани вести