ТВ Нова: СЈО се засилува со новинари

Се најдоа ли Нора Шакири, Огнен Јанески и Панта Џамбазовски на платниот список на СЈО? Обвинителството со кое раководи Катица Јанева веќе два дена молчи за тоа дали граѓанските активисти и едни од најжестоките критичари на власта при јавните настапи и на социјалните мрежи Шакири и Јанески, како и новинарот Џамбазовски се вработиле во Специјалното јавно обвинителство, анализира ТВ Нова.

Изминатиов период Јаневски и Шакири повеќе пати јавно жестоко дури и на масовни собири ја критикуваа власта.

СЈО беше на мета на јавноста и поради пишувањата на повеќе медиуми за вработувања на роднини на повеќе обвинители колеги на Катица Јанева. Како и на повеќе експерти кои се јавуваа со заштитнички ставови кон специјалното јавно обвинителство.

Прилогот на ТВ Нова погледнете го во продолжение

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.