Кои хороскопски знаци владеат со светот?

Според своите карактеристики, секој зодијачки знак има различни предиспозиции во поглед на кариерата, односно секој на различен начин се справува со нештата и го гради својот имиџ како лидер.

Според истражувањето објавено во јуни 2015 година, од 195 влади во светот, најмногу лидери има меѓу Скорпиите, при што 11,8% или вкупно 22 лидери се од овој знак. Типичните Скорпии се решителни и силни, но често страдаат заради тоа што се таинствени и непопустливи. Меѓу попознатите се австралискиот премиер Тони Абот и иранскиот лидер Хасан Рухани. Меѓу познатите политичари во знак на Скорпија е поранешниот државен секретар на САД и претседателскиот кандидат за 2016 година, Хилари Клинтон.

На второ место се Лавовите, кои ги има 18 низ светот. Типичниот Лав е ентузијаст и срдечен, но честопати го обвинуваат за вообразеност и попување. Актуелниот претседателот на САД, Барак Обама е Лав, но и типичен претставник на овој знак е Уго Чавез, претседател на Венецуела, кој секој викенд на државната телевизија имаше емисија „Ало Президенте“.

Стрелецот е лидер во 18 земји. Тој е познат слободољубив и философски знак, а противниците го обвинуваат дека е неуморен и преголем оптимист. Познат лидер од историјата кој бил Стрелец е Винстон Черчил, а исто така и Јосиф Висарионович Сталин.

Близнаците се на чело на 17 земји. Типично за овој знак е неговата разноликост и комуникативност, но често станува површен и непостојан. Џон Кенеди, Муамер Гадафи и Че Гевара се познати лидери од овој астролошки знак во минатото.

Има 16 Ракови на чело на светските држави и влади. Типичниот Рак е интуитивен и имагинативен, но честопати е премногу чувствителен. Далај Лама и Нелсон Мандела се претставници на овој знак.

Овновите владеат во 15 земји, а меѓу нив е и првиот доживотен претседател на Северна Кoреја, Ким Ил-сунг. Типичниот Овен е предводник и ентузијаст, но исто така е и многу себичен, невнимателен и брзо избувнува. Адолф Хитлер е незаобиколно име кога се зборува за претставници на овој знак од минатото, како и наследникот на Сталин, Никита Хрушчов.

Исто така и Рибите се главни во 15 земји, а меѓу најмноќните владетели од овој знак е и Кралицата Викторија. Типични Риби обично се идеалисти и мрзеливи, но длабоко во себе, тие се чувствителни и сочувствителни. За овие луѓе често се вели дека имаат и своја „темна страна“, па вреди да се знае дека Осама бин Ладен е еден од претставниците на овој зодијачки знак, исто како и реформаторот на комунистичката Русија, Михаел Горбачов.

Водолиите се на чело на 14 земји, а познато е дека многу од поранешните американски претседатели биле претставници на овој знак, меѓу кои и Абрахам Линколн. Типичната Водолија е инвентивна и интелектуална, но и непредвидлива и спротивставена. Во овој знак се родени уште Ким Јон Ил, Николае Чаушеску, Николас Саркози, Роналд Реган и Борис Јелцин.

И Јарците се лидери на 14 земји, а меѓу најмоќните беше и Мартин Лутер Кинг. Типичниот Јарец може да го окарактеризираат како безволен, но всушност е многу дисциплиниран и амбициозен.

Моќните Бикови владеат во 13 земји, при што типичниот Бик е упорен и решителен, но и љубоморен и посесивен. Меѓу поранешните светските лидери, Бик е Садам Хусеин.

Меѓу историските лидери Ваги е Ганди, а тие денес владеат во 13 земји. Типичната Вага е идеалист и мирољубива, но некои ја сметаат за лековерна и себична.

Меѓу моќните Девици е сирискиот претседател Башар ал-Асад, а тие владеат со 12 светски држави. Типичната Девица е практична и ажурна, но во лошите денови е несмасна, конзервативна и подготвена за критикување.