сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 23

Голем пожар во бегалски камп на островот Лезбос

Причините за пожарот засега не се познати, но полицијата претпоставува дека најверојатно тој бил предизвикан намерно.

lezbos-640x294

Последни вести

Голем пожар избувна синоќа во бегалскиот камп „Морија“ на грчкиот остров Лезбос во Егејското Море, соопшти претставник на локалната полиција.

Грчките медиуми јавија дека меѓу три и четири илајди мигранти побегнале од кампот, користејќи го хаосот што настанал за време на пожарот.

Засега нема инфорамции за жртви при огнената стихија, која целосно уништила поголем број шатори во кои биле сместени мигрантите.

Гаснењето на пожарот и пристапот на противпожарните екипи во кампот бил отежан од тепачките кои избувнале меѓу мигранти од различни националности за време на инцидентот, Сепак по неколу часовни напори, пожарникарите во текот на ноќата успеале целосно да го изгаснат пожарот.

Причините за пожарот засега не се познати, но полицијата претпоставува дека најверојатно тој бил предизвикан намерно.

Весникот „Катимерини“ тврди дека пожарот избувнал за време на немири до кои дошло по вчерашните протести на мигрантите, предизвикани од неофицијалните гласини дека властите планираат наскоро да ги вратат во Турција.

На протестите на мигрантите им претходеше собир на локлани жители на селото Морија, кои од властите побараа дислокација на бегалскиот камп од островот.

По овој собир и информациите дека ќе следи нивна екстрадиција во Турција, група од околу 300 мигранти го напуштиле кампот и се упатиле на протест кон селото Морија, но во тоа биле спречени од полицијата, кои ги принудила да се вратат назад. Според „Катимерини“, додека мигрантите се враќале во кампот, пожар избуван во блиската плантажа со маслинови насади, кој потоа се проширил и на центарот во кој се сместени бегалците.

Според податоците на грчките власти, во време на избувнувањето на пожарот во кампот „Морија“ престојувале околу 5.650 бегалци и мигранти, иако објектот има капацитет за сместување на 3.500 лица.

Најчитани вести