сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 0

Отворено 31. Светско воено првенство во борење

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска го отвори 31. Светско воено првенство во борење, што од денеска до 24 септември ќе се одржува во ВИП арената „Спортски центар Борис Трајковски“.

99513544

Поврзани вести

Република Македонија има долга традиција во борењето и затоа сме среќни што ни се укажа можноста да бидеме домаќини на ова големо воено спортско натпреварување, додаде министерот Јолевски. Тој им порача на сите натпреварувачи да дадат се од себе, да ги бранат боите на земјите од кои доаѓаат и дома да се вратат со медали.

На отворањето се обрати и премиерот Емил Димитрев, кој порача дека одржувањето и подобрувањето на индивидуалната физичка подготвеност на армиските припадници претставува исклучително важен сегмент во функционирањето на секоја армија.

Огромен е бројот на армиски припадници кои покрај одличните резултати во армијата на својата држава се и врвни спортисти – репрезентативци на своите држави, носители на бројни медали од олимписки игри и светски првенства.

Тој се осврна на годинашното одбележување на 55 години борење во Македонија, 40 години од одржувањето на реномираниот боречки турнир „Македонски бисер“ и на 20 години од светската титула на боречкиот клуб „Бучим“. Додаде дека Македонија изминатите години вложува значајни напори во развој на спортот преку инвестиции во спортската инфраструктура во вредност од 100 милиони евра.

Капацитетот на борачите во Армијата на Република Македонија се докажа и на првите натпревари на кои Маја Дејкоска од тимот на Армијата на Република Македонија се закити со бронзениот медал, односно трето место во борење во слободен стил во категорија до 58 килограми.

Сите љубители на спортот и борењето можат бесплатно да ги следат натпреварите од 31. Светско воено првенство во борење до сабота, 24 септември во ВИП арената „Спортски центар Борис Трајковски“.

Најчитани вести