Јанева одговори едвај на четвртина од поставените прашања

За нетранспарентноста и неспособноста на Јанева да биде уште поголема, дури и на тие 11 прашања кои што таа се обиде да ги одговори, добиените одговори немаа никаква суштина и беа површни. Стручната јавност во Република Македонија оваа ситуација и однесување во Собарнието на Катаица Јанева  ја спореди со невидена катастрофа и ја претстави како преседан кои никогаш досега ниту еден државен функционер не си го дозволил во Собранието на Република Македонија.

На пример, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски до Катица Јанева упати 31 прашање, а доби одговори на само 7 прашања.

Останува да видиме дали Јанева на денешното продолжение на Комисијата за политички сиситем, конечно пред пратениците и македонската јавност ќе собере храброст и ќе даде одговори на сите прашања, дилеми и нејаснотии.