петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 63

Дали СЈО ќе биде „горивото“ на кампањата на СДСМ за изборите на 11. декември?

Што се крие во фамозниот финансиски извештај на Специјалното јавно обвинителство и зошто специјалната обвинителка Катица Јанева вложува максимални напори, да скрие од граѓаните како се трошат народните пари.

132988200

Поврзани вести

Јанева вчера во Собранието рече дека колку и да ја прашуваат пратениците, таа нема да открие како ги троши парите кои токму Собранието и ги одобри.

Без успех останаа и серијата барања согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Во последните 4 месеци од Јанева ги побаравме следните информации поврзани со финансиите во Специјалното јавно обвинителство, пишува Прес24.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

По неколкумесечната преписка со СЈО во моментов имаме еден куп хартија и многу малку одговори. Нив не ги добивме ни во последниот 6 месечен извештај на СЈО во кој повторно недостасуваат информации за трошењето на финансиски средства, пишува порталот Прес24.

10

Во последниот извештај нема никакви информации, како се потрошиле дури 1 милион евра.

11

Со оглед на нашата историја на преписки и барање информации од СЈО, се обидовме оние информации за потрошени финансиски средства со кои располагаме да ги вметнеме во трошоците кои Катица Јанева случајно или намерно ги заборавила.

12

Повторно не можеме да најдеме за што се потрошени скоро 850.000 евра. Сумата е исклучително голема а според експертите и повеќе од доволна за 6 месеци да може да се корумпира огромна група на луѓе особено јавни личности и новинари кои потоа ќе креираат мислење во јавноста во намера да ги заштитат позициите на СЈО и Катица Јанева.

За потсетување, Јанева има годишен буџет од 4 милиони евра. Со оглед на нивото на транспарентност на СЈО, во кое ни се нудат податоци за тоа како се потрошени само околу 20% од парите, на годишно ниво, Јанева би сокрила над 3 милиони евра, односно би ни дала финансиски извештај само за нешто помалку од 1 милион евра.

Експертите коментираат дека преку СЈО, СДСМ си направи нов СОРОС во Македонија, односно си обезбеди средства за да си ја финансира кампањата за изборите на 11 декември и да ги исплати сите новинари и експерти кои ќе застанат на страната на опозицијата во предизборниот период.

13

И самиот список на експерти кои СЈО го достави покажува дека најголем дел од нив, ако не и сите се гласни поддржувачи на опозицијата и редовно се појавуваат во медиумите за да ги бранат ставовите на Катица Јанева.

Како што може да се забележи и од одговорот добиен од СЈО, Јанева во годишниот буџет за плаќање на вакви експерти има одвоено 81 милион денари или нешто повеќе од 1,3 милиони евра.

Најчитани вести