Алкалоид доби ЕС сертификат за Прокулин капките

Профитниот центар Фармација во Алкалоид АД Скопје за прв пат се стекна со сертификатот ЕC за сообразност со Европската директива за медицински средства 93/42/EEC (согласно со Анекс II) за производите ПРОКУЛИН СОЛЗИ (PROCULIN® TEARS) и ПРОКУЛИН СОЛЗИ АДВАНС (PROCULIN® TEARS ADVANCE) од линијата за комплетна нега на очите.

Ова е чекор напред кон создавањето цврсти основи за освојување нови европски пазари. Сертификатот го издаде реномираното нотификациско тело Сертиквалити (Certiquality S.r.l.) од Италија.

Добиениот сертификат ЕC е уште една потврда за посветеноста на Алкалоид АД Скопје кон перманентниот развој, следењето на меѓународните трендови и за исполнувањето на строгите регулаторни барања, кои се клучни за добивање квалитетни, безбедни и ефикасни медицински средства.