среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 41

Што очекуваат модерните жени од мажите?

Вистинскиот модерен маж, според мислењето на жените, не смее да биде несигурен ако жената заработува повеќе од него, за сексот треба да разговара целосно отворено и да биде подготвен на експерименти, а на петто место на листата е да и’ дада на жената време кое може да го минува сама и да има простор за дружење со пријателките.

modern-banner

Последни вести

Модерните мажи треба да имаат цела низа вештини и знаење, кои до пред само триесетина години не било потребно да ги имаат.

Модерните жени често излегуваат сами, имаат поголеми плати, ретко готват и чистат, а мажите? Колку тие да сакаат да останат во осумдесетите кога жените се уште биле одговорни за се’, времето оди напред, па така од нив се бараат работи кои до неодамна немало потреба да ниту да помислат на нив.

Така модерните жени на прво место од мажите очекуваат помош при домашните работи, не морална, туку конкретна и делотворна. Исто така, од мажите се очекува да знаат да готват и повторно не само јајца и палачинки, туку нешто посериозен оброк.

Вистинскиот модерен маж, според мислењето на жените, не смее да биде несигурен ако жената заработува повеќе од него, за сексот треба да разговара целосно отворено и да биде подготвен на експерименти, а на петто место на листата е да и’ дада на жената време кое може да го минува сама и да има простор за дружење со пријателките.

Тоа, мажот да ја спроведува жената со мајка си едноставно не доаѓа предвид, а присилување на раѓање деца едноставно е неможно, како и барањето жената да се откаже од кариера.

Најчитани вести