петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 90

„Република“: Неуспешно воскреснување на мртвата „револуција“

„Се тре­сеа со­ци­јал­ни­те мре­жи - се ро­ди ша­ре­но фи­ја­ско“, ова би бил нај­ку­си­от опис на по­не­дел­нич­ка­та не­ус­пеш­на ре­ин­кар­на­ци­ја на пла­те­нич­ка­та „ре­во­лу­ци­ја“. Ед­на не­де­ла по си­те опо­зи­ци­ски ме­ди­у­ми се тру­бе­ше за про­те­стот, ги оку­пи­раа и за­мо­ру­ваа си­те на со­ци­јал­ни­те мре­жи, на­пра­ви­ја ду­ри и спот. Ба­ди­ја­ла, да не беа авто­бу­си­те со ор­га­ни­зи­ран пре­воз од гра­до­ви­те, сра­мот ќе бе­ше уште по­го­лем. Ва­ка, и не бе­ше тол­ку страш­но. Да, мо­же­би, не­вкус­но ка­ко бе­ден по­тег со пар­ти­ски­те авто­бу­си и чле­но­ви, но ланч-па­ке­ти­те би­ле вкус­ни, пи­шаа пат­ни­ци­те-на­мер­ни­ци по исти­те тие ан­ти­со­ци­јал­ни мре­жи. Тоа, ве­ро­јат­но, им бил и нај­сил­ни­от впе­ча­ток од слу­чу­ва­ње­то во Скоп­је, се­ка­ко, освен не­из­беж­на­та по­се­та на „Си­ти мол“

106178668

Поврзани вести

Ед­на по­зи­тив­на ра­бо­та ги из­не­на­ди си­те во по­не­дел­ни­кот. Ве­ру­ва­ле или не, но на­ра­ча­ни­те про­те­стан­ти –пар­тиј­ци во од­бра­на на СЈО од гра­до­ви­те, кои ја да­доа и нај­го­ле­ма­та број­ка, за чу­до и за про­ме­на не дој­доа со авто­бу­си­те на „Три­те­рол“?! Не­што ов­де опас­но смр­ди: или газ­да Ле­фтер и ли­де­рот и при­ја­тел За­ев се ска­ра­ле око­лу не­кој тен­дер или СДСМ ја на­у­чи­л лек­ци­ја­та со пре­поз­нат­ли­во­ста на нон­стоп ан­га­жи­ра­ни­от пар­ти­ски пре­воз­ник. По­ве­ро­јат­но, пр­во­то, но да не беа авто­бу­си­те, сра­мот ќе бе­ше уште по­го­лем. Мо­же­би не­вкус­но ка­ко бе­ден по­тег со пар­ти­ски­те авто­бу­си и чле­но­ви, но ланч-па­ке­ти­те би­ле вкус­ни, пи­шаа пат­ни­ци­те-на­мер­ни­ци по исти­те тие ан­ти­со­ци­јал­ни мре­жи. Тоа, ве­ро­јат­но, им бил и нај­сил­ни­от впе­ча­ток од слу­чу­ва­ње­то во Скоп­је, се­ка­ко, освен не­из­беж­на­та по­се­та на „Си­ти мол“.

При­чи­ни­те за ка­та­стро­фал­на­та по­се­те­ност и за не­пре­суш­на­та по­тре­ба за но­се­ње пет-шес­тсто­ти­ни пар­тиј­ци од гра­до­ви­те има­ат дла­бо­ки ко­ре­ни во игра­та на са­ми­от СДСМ. Проб­ле­мот е што тие са­ми­те, зна­еј­ќи што ги че­ка во по­не­дел­ни­кот во 17.00 ча­сот пред пар­ла­мен­тот во Скоп­је, пре­вен­тив­но си на­пол­ни­ја де­се­ти­на авто­бу­си од по­ве­ќе ма­ке­дон­ски гра­до­ви. Ни­кој и не оче­ку­ва­ше не­ка­ква го­ле­ма по­се­те­ност, а нај­мал­ку вр­ху­шка­та и ор­га­ни­за­то­рот на про­те­сти­те од улич­ка­та што го но­си име­то на Па­вел Ша­тев.

Автобусите како спас, поинаку СЈО ќе го бранеа СЈО?

Свес­ни за ни­за­та по­те­зи со кои ги од­да­ле­чи­ја иде­а­ли­сти­те од ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“ од и та­ка ква­зид­ви­же­ње­то, со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, исто та­ка, по­зи­тив­но и не­својс­тве­но за нив­но­то сти­хиј­но дејс­тву­ва­ње, си на­ра­чаа авто­бу­си. Со овој за нив чуд­но пре­вен­ти­вен по­тег, ја спа­си­ја и ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“ и се­бе­си од сра­мот што ќе сле­ду­ва­ше.

Сли­ка­та по­ка­жа, па ду­ри и си­те опо­зи­ци­ски ме­ди­у­ми и пор­та­ли по­твр­ди­ја, де­ка, ци­ти­рам, „не­кол­ку сто­ти­ни гра­ѓа­ни“ ги изра­зи­ле ре­вол­тот и под­др­шка­та за Ка­ти­ца Ја­не­ва и за СЈО. Ко­неч­но, се сог­ла­су­ва­ме. И без да нав­ле­гу­ва­ме во стру­кту­ра­та на при­сут­ни­те, ко­ја бе­ше со­ста­ве­на од 90 про­цен­ти пен­зи­о­не­ри, кои се се­ќа­ва­ат на уба­ви­те вре­ми­ња во ко­му­низ­мот, чув­ству­ва­ат долг и са­ка­ат да оста­ват бе­лег на за­ми­ну­ва­ње, и 10 про­цен­ти пле­нум­ци, вра­бо­те­ни во Со­рос, и од тие со жел­ба да се вра­бо­тат под не­го­ва за­кри­ла, број­ка­та е по­ве­ќе од очај­на. По­тфр­ли­ја си­те стра­ни за­ин­те­ре­си­ра­ни за про­ме­на на вла­ста и, по­ве­ќе, за бе­не­фи­тот од вла­де­е­ње­то на СДСМ. Па са­мо Со­ро­со­ви­те фи­ли­ја­ли да из­ле­зеа со полн ка­па­ци­тет, број­ка­та ќе бе­ше слич­на или по­го­ле­ма, без авто­бу­си­те и си­те дру­ги. Ва­ка, са­мо со пла­тен пре­воз и ланч-па­кет, дој­доа де­се­ти­на авто­бу­си, да­вај­ќи број­ка од пет-шес­тсто­ти­ни лу­ѓе. Што оста­на за дру­ги­те, сто­ти­на од Скоп­је, пе­де­сет?

Ви­сти­на­та е по­ве­ќе од ед­но­став­на, да не беа про­вин­ци­ски­те со­пар­тиј­ци на СДСМ, во од­бра­на на СЈО ќе беа СЈО. Пр­ва­та кра­тен­ка за Спе­ци­јал­но јав­но об­ви­ни­телс­тво, вто­ра­та кра­тен­ка од ими­ња­та на Сте­во, Јор­дан и Оли­ве­ра… Трој­ца­та од СДСМ, ша­ре­на­та и ме­ди­у­ми­те, единс­тве­ни­те што ќе беа на про­те­стот пред пар­ла­мен­тот. Да, до­кол­ку не дој­де­ше за­си­лу­ва­ње­то од вна­треш­но­ста, ќе си беа Пен­да­ров­ски, Ши­шов­ски и Трај­ков­ска, са­ми и ша­ре­ни од ма­ка во ли­ца­та. Ќе си по­дре­меа и ка­ко, де­мек, слу­чај­ни ми­ну­ва­чи, ќе си про­дол­жеа на­кај „Плеј“ или „Круг“.

Како СДСМ ја „уби” шарената „револуција”?

СДСМ не оди­гра слу­чај­но та­ка, ни­ту се­га има по­до­бра прес­ме­тка на ра­бо­ти­те, па, за про­ме­на, прв­пат во 25 го­ди­ни дејс­тву­ва пре­вен­тив­но. СДСМ си е ста­ри­от и си игра по на­ви­ка, но проб­ле­мот што са­ми­от го на­пра­ви со ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“ прем­но­гу бо­де очи за да оста­не глув на сопс­тве­ни­от ма­сакр на и та­ка лаж­на­та ре­во­лу­ци­ја.

Опо­зи­ци­о­не­ри­те, свес­ни де­ка са­ми­те го уни­шти­ја бо­ја­ди­су­вач­ко­то чу­до­ви­ште што го соз­да­доа за лич­ни пар­ти­ски по­тре­би, се­га при не­го­ва­та ре­ин­кар­на­ци­ја по по­ве­ќе од два ме­се­ца на­ста­пи­ја итро и од ли­чен ин­те­рес, ба­рем мо­мент­но, го спа­си­ја. До­кол­ку не ре­а­ги­раа пра­во­вре­ме­но и не до­не­соа сто­ти­ци пар­тиј­ци, 26 сеп­тем­ври 2016 го­ди­на ќе бе­ше де­нот ко­га ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“ и офи­ци­јал­но ќе бе­ше прог­ла­се­на за мр­тва. И та­ка, два ме­се­ца ја одр­жу­ваа на апа­ра­ти, без сог­лас­ност на нај­го­ле­ми­от дел од учес­ни­ци­те во неа, кои ја по­гре­баа со пот­пи­шу­ва­ње­то на до­го­во­рот во ју­ли го­ди­на­ва, со кој пар­ти­и­те се об­вр­заа де­ка на 31 август ќе се до­го­во­рат за из­бо­ри на 11 де­кем­ври. Ма­ла за­бу­на, мо­же­би, им вне­се За­ев, кој из­ја­ви де­ка на 31 де­кем­ври ќе се до­го­во­рат за из­бо­ри на 11 де­кем­ври, но ни­кој не го сфа­ти се­ри­оз­но, ка­ко и се­ко­гаш, не­ли.

Со до­го­во­рот за до­го­вор, ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја за­ми­на во исто­ри­ја­та, ка­ко исто­ри­ски срам за по­и­мот ре­во­лу­ци­ја. И до­де­ка си­те мис­леа де­ка единс­тве­на остав­ни­на ќе би­дат два-трој­ца­та пра­те­ни­ци од нив­ни­те ре­до­ви, кои на сво­и­те вну­ци ќе им рас­ка­жу­ва­ат де­ка би­ле дел од ре­во­лу­ци­ја што ја би­е­ле же­сто­ко и ко­ја про­ду­ци­ра­ла не­кол­ку пра­те­ни­ци во пар­ла­мен­тот, кои по­доц­на се прик­лу­чи­ле на ма­тич­на­та пар­ти­ја, таа во­скрес­на. Ни­кој не се за­чу­ди, на­про­тив, има по­ве­ќе при­чи­ни за неј­зи­но­то бу­де­ње од мр­тви­те.

Чуму воскреснување на мртвата „револуција”?

Пр­вич­на при­чи­на за бед­ни­от про­тест е не­ус­пеш­на­та „ге­ри­ла-ак­ци­ја“ на Ше­ке­рин­ска, ко­ја се оби­де со ну­де­ње­то не­кол­ку пар­те­нич­ки ме­ста да ги одо­бро­во­ли бо­ја­ди­су­ва­чи­те, кои за нив не­у­мор­но бое­ја ли бо­е­ја со ме­се­ци. Ова, очиг­лед­но, бе­ше да­ле­ку од за­до­во­лу­ва­ње­то на апе­ти­ти­те на „ре­во­лу­ци­о­не­ри­те“, кои оче­ку­ваа мно­гу по­ве­ќе од 20 евра днев­ни­ца за сво­јот ан­гаж­ман. На­стра­на, ле­то­то по­ми­на, а тие ги по­тро­ши­ја па­ри­те.

Дру­га­та стра­на е уште по­страш­на за СДСМ. Со отво­ре­на­та по­ну­да и ве­ту­ва­ње­то за ста­ва­ње на пра­те­нич­ки ли­сти на акти­ви­сти од „ре­во­лу­ци­ја­та“, пар­ти­ја­та ги раз­об­ли­чи про­те­сти­те и ге­не­за­та на соз­да­ва­ње­то на дви­же­ње­то. Ова најм­но­гу удри по иде­а­ли­сти­те, тие што бо­ја­ди­су­ваа бесп­лат­но и кои, мо­же­би, пр­вич­но пад­наа на фин­ти­те за бор­ба про­тив „ре­жи­мот“, не­ка­ква си сло­бо­да и уште по­не­ка­ва прав­да, но на­бр­гу се осве­сти­ја ко­га бол­но и јас­но уви­доа во што и за што би­ла це­ла­та ша­ре­на при­ка­ска. Тие ум­ни­те и из­ла­жа­ни, кои без раз­мис­лу­ва­ње вле­гоа во иде­а­ли­зи­ра­на­та сказ­на за не­ка­ква клас­на бор­ба на ле­ви­ча­ри про­тив „ре­жи­мот“, сфа­ти­ја де­ка би­ле са­мо ала­тка за по­ли­тич­ко по­тку­су­ру­ва­ње. Ни­што по­ве­ќе, но ни­ко­гаш по­ве­ќе…

Сле­ду­ва­ше и не­ус­пеш­но одо­бро­во­лу­ва­ње со вра­бо­ту­ва­ње „но­ви­на­ри“ од ша­ре­ни­те че­да, но и таа про­пад­на по сил­ни­от ме­ди­ум­ски одек на нај­а­ве­ни­от чин. Нај­ве­ро­јат­но, вра­бо­ту­ва­ња­та во ти­мот за од­но­си со јав­но­ста на СЈО, се­пак, го пре­ки­на Беј­ли, а не За­ев или Ше­ке­рин­ска, Ка­ти­ца нај­мал­ку.

По ва­кво­то не­ус­пеш­но упи­ку­ва­ње кај „ша­ре­ни­те“, пр­ва при­чи­на за неј­зин пре­по­род би би­ло при­ка­жу­ва­ње­то де­ка „ре­во­лу­ци­ја­та“, де­мек, е сѐ уште жи­ва. Чин, кој би удрил по емо­ци­и­те на за­ми­на­ти­те, за­лу­та­ни во иде­а­ли и раз­бу­де­ни од пар­ти­ска­та зло­у­по­тре­ба на ша­ре­ни си­но­ви и ќер­ки, со кој тие по­ве­де­ни од но­стал­ги­ја­та кон бо­ја­ди­су­ва­ње­то и уни­шту­ва­ње­то ин­сти­ту­ции, би се вра­ти­ле во ша­ре­но­то ста­до во кое до­ми­ни­ра си­на­та бо­ја. „Ед­наш ша­рен, се­ко­гаш ша­рен“ – из­ви­ку­ваа ванда­ли­те во те­кот на ми­нати­те про­те­сти, и бо­ја­ди­суваа ли бо­ја­ди­су­ваа…

Вто­ра при­чи­на за во­скрес­ну­ва­ње на мр­тва­та ре­во­лу­ци­ја е не­пре­суш­на­та по­тре­ба од неа. Свес­ен де­ка оди во ам­бис, со јас­но оз­на­чен да­тум на 11 де­кем­ври, СДСМ мо­ра да мис­ли на ка­ква и да е от­стап­ни­ца. По­ра­ди ре­ал­но­ста од по­ра­з, мож­но е да „пук­не“ во пар­ти­ја­та , па ќе мо­ра да се оди кру­то. Во пре­вод, од СДСМ ќе мо­ра да удрат же­сто­ко, ма­кар и про­тив сво­и­те мен­то­ри од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, за да пре­диз­ви­ка­ат и оправ­да­ат тре­то од­ло­жу­ва­ње на из­бо­ри­те ед­но­по­дру­го. За да не би­дат са­ми, наш­ле и не­ко­ја но­ва не­бу­лоз­на при­чи­на де­ка на 11 де­кем­ври пла­не­ти­те се ло­шо по­ста­ве­ни за гла­са­ње во РМ, СДСМ ќе мо­ра да има не­ка­ква под­др­шка. Ша­ре­на­та на­пра­ви­ја, кол­ку и да е про­ѕир­на, им за­вр­ши ра­бо­та за вра­ќа­ње во ми­на­то­то, па зо­што да не и се­га. И та­ка, збо­ру­ва­ме за крај­но мрз­ли­ва, не­ин­вен­тив­на пар­ти­ја, ко­ја по­сто­ја­но игра на исти­те кар­ти. А ко­га ги има­те „ша­ре­ни­те“ в ра­це, гре­во­та би би­ло да ги ис­пу­шти­те, не­ли…

Тре­та­та при­чи­на е мно­гу бли­ска до прет­ход­на­та, но во овој слу­чај во­скрес­ну­ва­ње­то на „ша­ре­ни­те“ и одр­жу­ва­ње­то пар­ти­ски апа­ра­ти на ре­во­лу­ци­ја­та би има­ла за цел неј­зи­на зло­у­по­тре­ба по из­бо­ри­те, кои не­ма да ги приз­на­ат. Ќе за­гу­бат и За­ев по­втор­но ќе из­ле­зе и ќе ка­же де­ка не ги приз­на­ва. Ако мо­же­ше 2014 го­ди­на, без ни­ту еден под­не­сен при­го­вор до ДИК, чу­му да не мо­же и се­га во 2016 го­ди­на, по тол­ку ле­ген­ди за не­пра­вил­но­сти на из­бо­ри­те? А ако не ги приз­на­ат, ќе тре­ба да про­те­сти­ра­ат. Се­ка­ко, за­си­ле­ни со „гра­ѓа­ни­те“ од ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“. При­ка­ска со до­ка­жан „по­мин“…

Зат­скри­ва­ње­то на сра­мот на нај­до­бра­та пар­ти­ска ала­тка од ко­ја се оче­ку­ва­ше мно­гу, а се до­би са­мо срам, би би­ла че­твр­та­та при­чи­на за пре­по­ро­дот на ре­во­лу­ци­ја­та. Зем­јо­тре­сот на­ре­чен ин­терв­ју на Ка­ти­ца Ја­не­ва за МТВ (и мон­ти­ра­но и не­мон­ти­ра­но) сил­но ги стре­се на­де­жи­те на СДСМ и до­бро ги нас­меа гра­ѓа­ни­те, кои сѐ уште беа под при­ти­сок на ви­стин­ски­те зем­јо­тре­си во Скоп­ско. Мо­же­би и не­ма­ше да но­сат тол­ку авто­бу­си и да ла­жи­ра­ат про­те­сти, до­кол­ку Ка­ти­ца не про­дол­же­ше со глу­по­сти­те во Со­бра­ние. За жал на СДСМ, Ка­ти­ца приз­на де­ка не би­ла Су­пер­мен и трес­на де­ка екс­пер­ти­те од СДСМ не са­ка­ле на­род­ни па­ри, ама таа ги на­те­ра­ла да ги зе­ма­ат. Ме­ѓу об­ви­ни­тел­ска­та па­ро­ди­ја и ме­ѓу кри­е­ње­то на тро­ше­ње­то че­ти­ри ми­ли­о­ни евра. Исто та­ка, на­род­ни па­ри. Ва­ка, „ша­ре­ни­те“ во функ­ци­ја на игра­та „Ми­ли­о­нер“ (а во вр­ху­шка­та на СДСМ, со­се­ма слу­чај­но, се ми­ли­о­не­ри) ја оди­гра уло­га­та „по­ви­кај при­ја­тел“ и се по­ка­жаа ка­ко идо­ло­пок­ло­ни­ци на Си­зиф, а сра­мот на Ја­не­ва не мо­же­ше да го скрие и по­крие ни­што, нај­мал­ку „не­кол­ку сто­ти­ни гра­ѓа­ни“, кои ед­вај из­др­жаа еден – еден и пол час пред да се рас­ту­рат и да го на­пол­нат „Си­ти мол“.

Пишува: Република.мк

Најчитани вести