Знаете ли на колку начини жената може да доживее оргазам?

На сите им е познато дека женската сексуалност е покомплексна од машката, како и тоа дека женскиот оргазам се разликува од машкиот. Но ќе се изненадите на колку начини жената може да доживее оргазам.

Клиторичен оргазам

Најчест тип на оргазам кој се случува со стимулација на клиториост и подрачјето околу него. Многу сексолози водат расправа дали секој женски оргазам е поврзан со клиторисот. Се дискутира и за тоа како неговата големина и положба влијаат на остигнувањето оргазам.

Оргазам на Г-точка

Г-точката се наоѓа во внатрешноста на вагината неколку сантиметри од влезот на вагината, а сместена е на предната страна. Важна е за постигнување на оргазам, а целта побрзо ќе ја постигнете ако при мисионерската поза поставите две перници под задник.

Опивачки оргазам

Станува збор за комбинација од клиторичен оргазам и оној со стимулација на Г точката. Најлесно се постигнува ако се комбинираат пози кои ја стимулираат Г точката и клиторисот.

Активен оргазам

Неколку моменти пред врвот, почнете да ги стискате мускулите кои ги користите при т.н Кегелови вежби.

Повеќекратен оргазам

Трикот на постигнување на повеќекратен оргазам е во стимулација на различни зони со различно темпо и јачина, а не фокусирање само на една зона. Ако сте доживеале оргазам, партнерот нека престане со стимулација на клиторисот и нека се префрли на некоја друга ерогена зона која ја сакате.

Оргазам во секвенци

Многумина веруваат дека станува збор за повеќекратен оргазам.Разликата е во тоа што повеќекратниот оргазам трае многу подолго и поинтензивен е. Кога станува збор за оргазам во секвенци, станува збор за повеќе оргазми во текот на една сеанса на сексот. Важи правилото, разновидност и стимулација на различни ерогени зони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.