Денешен: Насилникот на Заев тепа, а адвокатот им се заканува на медиумите што информираат

заев

Порталот ја објави и заканата која била испратена до Сител телевизија.

1
2

Пред една недела, лицето Александар Трајков кој во секој чекор како лично обезбедување го следи Зоран Заев, претепал деца во дискотеката Платинум во Струмица.

Тепани биле најмалку 10 лица, а две момчиња и едно девојче завршија со тешки повреди.

Иако насилството уредно било пријавено во МВР, министерот од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски, прво сакаше да го сокрие инцидентот предизвикан од партиското обезбедување. Ниту во дневниот билтен на МВР, тој ден немаше ниту збор за ова насилство.

Но поради притисокот од јавноста, и МВР и СДСМ мораа да ги дадат одговорите кои ги должат.

Така, СДСМ веднаш испрати соопштение во кое информира дека насилникот ќе биде повлечен од работна должност додека случајот не се расветли.

„Во врска со информациите за евентуална инволвираност во инцидент на Александар Трајков, едно од лицата од придружбата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, соопштуваме дека споменатото лице било приватно излезено во Струмица, додека претседателот Заев присуствувал на партиски активности во Охрид. Посоченото лице ќе биде отстрането од придружба на претседатателот Заев на определно време, во исчекување на наодите во МВР“, соопштија тогаш од СДСМ.

Откако Спасовски увиде дека инцидентот не може да се прикрие, МВР испрати официјално соопштение за инцидентот.

„Министерството за внатрешни работи во врска со настанот кој се случи пред кафе барот „Платиниум“ во Струмица во раните утрински часови, а кој беше уредно пријавен во билтенот на МВР во 7:45 часот, ја известува јавноста дека во тек е постапката за расветлување на истиот, сослушување на сведоци и преземање на сите неопходни мерки за утврдување на околностите во кои се случил настанот и одговорноста на учесниците. МВР ја уверува јавноста дека сите неопходни постапки се одвиваат максимално професионално, со почитување на законските и подзаконските одредби и апсолутно е исклучено било какво политичко или партиско влијание како резултат на партиска припадност на некој од учесниците во настанот. Во моментот кога ќе бидат утврдени сите елементи од настанот, јавноста ќе биде известена и ќе бидат преземени неопходните законски дејствија“, стои во полициското соопштение.

Подоцна, од страна на МВР беше поднесена и прекршочна пријава за ова лице.

Откако насилнички претепа деца, сега обезбедувањето на Заев почна да се заканува и на новинари и медиуми. За скандалот да биде поголем, тој сега испраќа закани за тужби бидејќи се чувствувал навреден, пишува Денешен.

Сител телевизија која прва ја добила заканата за тужба, вчера јавно го праша адвокатот на Заев, дали вакви закани ќе испрати и до СДСМ и до МВР кои исто така информираа за настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.