Тепачка во Тетово: Eден во Ургентен, останатите приведени

ургентен

Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот при што е затекнат Ф.И.(1979) од Тетово со повреди во пределот на главата и М.И.(1985). По обавениот разговор со нив истите посочиле дека М.И. се упатила во куќата на горенаведената адреса за да земе нејзини лични предмети кои предходно ги оставила таму, а во која куќа престојувале Е.Х.(1987), А.Х.(1989), О.Х.(1985) и Л.З.(1969), сите од Р.Албанија.

При тоа настанала расправија помеѓу М.И. и горенаведените странски државјани, а откако Ф.И. пришол да види што се случува, истиот бил физички нападнат и удиран со раце и со дрвени предмети во пределот на главата и телото, по што напаѓачите се повлекле во куќата.

При превземање на мерки од страна на полициски службеник бидејќи влезната врата од куќата била затворена, истиот при обид да ја прескокне оградата, се здобил со повреда во пределот на десната подколеница.

Полицискиот службеник со возило на итна медицинска помош е пренесен во Клиничката болница-Тетово за укажување лекарска помош, каде му се констатирани скршеници на три места на подколеницата, по што е префрлен во Ургентен Центар Скопје за понатамошно лекување.

Сите горенаведени лица се приведени во ПС-Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.