Украина без најдобрите ќе гостува во Скопје

Селекцијата на Украина во подмладен состав ќе се спротивстави на нашиот ракометен национален тим, на стартот од квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска.

Селекторот Виталиј Андронов денеска го објави списокот на играчи на кои ќе смета за средбите со Македонија и со Исланд. На списокот нема да бидат Сергеј Стецура, Валентин Кошовој, Сергеј Бурка и Сергеј Онифриенко, играчи кои беа лидери на репрезентацијата во изминатиот период.

Натпреварот помеѓу Македонија и Украина ќе се одигра на 2 ноември во СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.