Саудиска Арабија уништила ракета истрелана од јеменските Хути

хути

Војската на Саудиска Арабија истакна дека ракетата, која е уништена на 65 километри од Мека, не причинила никаква штета.

Хутите соопштија дека истрелале ракета „Буркан-1“, но тврдат дека цел бил меѓународниот аеродром „Крал Абдулазиз“ во Џеда, кој е најфрекветниот аеродром во Кралството.

Саудиска Арабија додава дека ракетата е истрелана од јеменската северозападна провинција Сада, на границата со Кралството.

Коалицијата, предводена од Саудиска Арабија од март 2015 година се бори против Хутите во Јемен, обидувајќи се да ја врати на власт Владата на претседателот Абд Рабу Мансур ал Хади, кој е во егзил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.