сајкоски

Тој додаде дека прашањето за избирачкиот список има некоја генеза на проблематизирање во последните 25 години, а во минатото имаше и посебни комисии кои се занимаваа со избирачкот спосок.

„Непотребно избирачкиот список се става на пијадесталот на проблематични активности од причини што им се разбирливи и на оние што го поставуваат како прашање. Последните бројки упатуваат на тоа дека тој е соодветен. Како член на ДИК во 2013-та година, морам да истакнам дека тогаш беа отстранети околу 120.000 лица кои немаа соодветна идентификација, врз основа на новиот закон за биометриски документи и оттогаш до денес никој кој нема важачка лична карта или патна исправа не се наоѓа на избирачкиот список“, појасни Сакоски.

Влатко Сајкоски беше гостин во „Отвореното студио“ на ТВ Нова, на тема „Што се случи со фантомите“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.