петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 30

Џери Адамс: Северна Ирска треба да добие специјален статус по Брегзит

Лидерот на сеирската партија Шин Феин, Џери Адамс изјави дека неговата партија се залага за специјален статус за Северна Ирска по референдумот за напуштање на ЕУ.

брегзит

Поврзани вести

– Сега не е работата дали да има тврд или мек Брегзит, туку за тоа каква да биде алтернативата за Брегзит, изјави Адамс во Даблин.

Во главниот град на Ирска, се одржува конференција на „Северот и Југот“ на островот, на кој се води дебата за последиците од Брагзит.

На конфернцијата учествуваат високи претставници од бизнисот и аграраот, како и од граѓанското општество. Во дебата се вклучени сите лидери на партиите на католиците од Северна Ирска, но двете главни партии на свереноирските унионисти го бојкотираат собирот.

Шин Феин, како и другите партии на католиците од британската покраина на ирскиот остров, на референдумот од 23 јуни агитираа против Брегзит и британското напуштање на ЕУ.

Заменик првиот министер на владата во Белфаст, Мартин Мекгинис, кој е заменик лидер на Шин Феин, по референдумското изјаснување предупреди дека северноирските католици би можеле да покренат референдум за обединување на двата дела од островот, кој е поделен од 1922 гдина.

Според партијата Шин Феин, одлуката за Брегзит значи уривање на Спогодбата од Стормонт (Велики Петок) од април 1998 година.

Мировната спогодба со која се стави крај на 3,5 децениските судири е изготвена со спонзорство на владите во Лондон и Даблин и со посредништво на САД и под покровителство на ЕУ.

Тоа што и Велика Британија и Ирска се дел од ЕУ, помогна, практично , да се избрише жешката граница меѓу Северот и Југот. Сега со Брегзит, постои заканата сето тоа да се наруши и работите да се вратат на старо.

Шин Феин и другите партии на католиците предупредуваат дека „враќање на границата“ меѓу двата дела на Ирска, ќе предизвика безбедносни проблеми и ќе донесе дестабилизација на островот.

Тоа посено се однесува за ситуацијата во Северна Ирска, каде унионистите, а пред се, Демократската унионистичка партија (ДУП) со која Шин Феин коалицира во Владата на покраината, се определија за Брегзит.

Владата во Даблин исто така стравува од последиците од Брегзит врз состојбите на островот, означувајќи го решението на Велика Британија да ја напушти ЕУ, како еден од најголемите предизвици за ирскиот остров во последните 50 години.

Најчитани вести