недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 28

Oблачно и ветровито со повремен дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има во попладневните часови во северозападните и североисточните делови каде локално се очекува да наврнат над 25 л/м2. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер.

облачно

Поврзани вести

Максималната температура ќе се движи од 12 до 16 степени.

Во Скопје слично време, претежно облачно со повремен дожд и со умерен повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Од недела територијата на Македонија ќе биде под влијание на висок воздушен притисок, кој ќе услови стабилно, но посвежо време. Дневните темпертури ќе опаднат за неколку степени, а утринските на места ќе се спуштат под нулата.

Најчитани вести