Пет награди за членови на Ателје Бојар на изложбата „13 Ноември“

Деца членови на Ателје Бојар освоија пет награди 2. Меѓународна ликовна изложба „13 Ноември“ која од  17-ти до 27 ноември се одржува во изложбениот салон на Кинотека на Македонија.на изложбата „13 Ноември“.

Ателјето се претстави со 25 дела изработени во пастел, бајц, колаж и молив во боја, а пет од нив беа наградени – прва награда добија Ана Вчкова и Матеја Грнчароска, втората награда му припадна на Марко Милчевски, а третата на Маја Лиманте и Мартин Самец.

Досега Ателје Бојар има учествувано на 15 републички и меѓународни изложби и има освоено повеќе награди дипломи и признанија.

Изложба 13 Ноември Бојаров

На годинашната ликовна изложба „13 Ноември“ учествуваа десет држави со околу пет илјади ликовни творби, од кои изложени беа 600 дела, а 200 беа наградени.

Авторите на творбите се на возраст од четири до  20 години, во четири категории: градинки, основни и средни училишта, уметнички училишта и факултети.

Изложбата ја организира Ликовен центар и здружение на ликовни педагози од Скопје, под покровителство на Град Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.