Македонија

Во третиот квартал помалку превезени патници во патниот превоз

Во третиот квартал помалку превезени патници во патниот превоз

Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 0,5 проценти, во меѓународниот превоз за 13,4 проценти, а намалување има во приградскиот превоз за 0,8 проценти и за 10,5 проценти во меѓуградскиот превоз.

Според статистичките податоци, во однос на вториот квартал годинава, вкупниот број на превезени патници е намален за 20,5 проценти. Според видот на превозот, во градскиот превоз е забележано намалување за 19,9 проценти, во приградскиот превоз за 26,3 проценти, во меѓуградскиот превоз за 3,1 процент, а во меѓународниот има зголемување за 39 проценти.

Во третиот квартал годинава, во однос на истиот период од минатата година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 1,2 проценти. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 11 проценти во меѓуградскиот превоз за 9,9 проценти, додека во приградскиот превоз е зголемен за 17 проценти, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 8,6 проценти.

Во однос на вториот квартал годинава, вкупниот број на патничките километри е зголемен за 6,1 проценти. Според видот на превозот, во меѓународниот превоз е зголемен за 71,1 процент, во градскиот превоз е намален за 27,4 проценти, во приградскиот превоз за 10,9 проценти, додека во меѓуградскиот превоз намалувањето изнесува 0,1 проценти.