Молотов коктел фрлен врз турскиот Конзулат во Призрен

молотов

Основниот јавен обвинител на Призрен, Сул Хоџа го потврди инцидентот за елекртронското издание на весникот „Коха диторе“, додавајќи дека тој се случил во четири часот утрово.

– Нападнат е објкетот на турскиот Конзулат во Призрен, при што е предизвикана само мала материјална штета. Повредени нема, изјави обвинителот.

Според него, екипи на полицијата и Обвинителството извршиле увид, прибрале докази и привеле пет лица. Истрагата продлжува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.