вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 17

Повредени 12 лица во девет сообраќајки вчера во Скопје

Девет сообраќајни несреќи се регистрирани во изминатото деноноќие во Скопје. Во три од нив со полесни повреди се здобиле 12 лица, а во шест причинета е само материјална штета.

132761638

Поврзани вести

Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, сообраќајната полиција санкционирала 11 лица кои возеле без возачка дозвола, односно нерегистрирано возило, шест возачи кои не користеле сигурносен  појас или користеле мобилен телефон, 10 не се придржувале кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци, а 47 имале непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 75 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ одделение во ООУ „11 Октомври“ во општина Центар.

Најчитани вести