„Дело“: Дел од арсеналот на ЈНА во Словенија завршил кај исламистите

јна

Весникот се повикува на европската невладина организација со седиште во Велика Британија, Конфликт Армамент Рисрч (ЦАР), која ги истражува податоците за потеклото на оружјето и муницијата во вооружените конфликти во светот. ЦАР неодамна го истражувала потеклото на оружјата што се користат во судирите во Либија и Сирија.

Во Либија е пронајдено оружје кое би можело да се поврзе со залихите на оружје од југословенско потекло, кое словенечката војска во 1991 година го заплени од ЈНА и кое по налог на властите во Љубљана требало да биде уништено во специјализираната фабрика во Словачка.

Во Либија претставниците на ЦАР откриле ракети М79 „Оса“ во близина на Триполи, кои ги носеле истите ознаки како и пратката која словенечкото Министерство за одбрана во 2005 година ја испратило на сигурно уништување во Словачка.

Се претпоставува дека тоа можело илегално да заврши во Либија, каде до него дошле џихадистичките бунтовници блиски до Исламска држава, но станува збор само за претпоставки, пишува словенечкиот весникот, потсетувајќи дека такво оружје би можело да се најде на подрачјето на целата некогашна Југославија.

Извори во словенечкото Министерство за одбрана потврдиле дека Словенија во 2005 година на словачката фабрика ВОП, која во меѓувреме престанала да работи, и предала 6.802 дотраени ракети М79, меѓу кои 132 со броеви ЛОТТБ8606, кои се пронајдени во Триполи.

Организацијата ЦАР ја замолила Словенија и за информации за минофрлачките гранати, кои словенечкото Министерство за одбрана во 2003 и 2008 година и ги донирало на авганистанската војска, од кои некои по се изгледа лани се запланети од силите на ИД во Тикрит во северен Ирак, додава „Дело“.

Словенечки извори исто така потврдија дека во 2008 година Словенија му донирала на Авганистан поголемо количество минофрлачки гранати и муниција, за кои сега ЦАР се сомнева дека завршиле во рацете на џихадистичките борци кои се борат против авганистанската Влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.