Европол: Уапсени 36 лица во акција против шверц на дрога и перење пари

европол

Покрај парите, се наведува во соопштението, запленето е и злато во вредност од 800.000 евра, 20 килограми кокаин и три полуавтоматски пушки.

Во минатонеделните рации, во кои беа вклучени 450 полицајци во Франција, Белгија и Холандија, полицијата дошла до докази и ги упасила осомничените.

Европол истакна дека криминалната банда користела автомобили со цел да ги пренесат парите, заработени со продажба на дрога во Франција во Белгија и Холандија.

Како што се потенцира, повеќе од милион евра се префрлувани секој месец.

Парите се испрачани во Мароко преку Блискиот Исток со користење на „нерегулирани финаниски канали“.

Белгиските претставници изјавија дека парите од дрогата се во висина од околу 400 милиони евра.

Од канцеларијата на бриселското обвинителство се наведува дека големо количество пари се испратени преку Дубаи, а перењето се вршело преку фиктивни компании во Казабланка.

Во 11 полициски рации само во Белгија, во кои биле вклучени речиси 100 полицајци, запленети се три милиони евра, седум возила, 78 делови на компијутерска опрема и две парчиња огнено оружје, а упасени се седум лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.