ФОТО: Светот со пиво и детелинки го слави Свети Патрик

Ирската традиција се прошири низ целиот свет, па така со крига пиво, зелена боја и детелинки за среќа светот го слави Свети Патрик.

Денот на Свети Патрик е поврзан со се што е ирско: зелено и златно, детелина и среќа. Зошто се празнува на 17 март? Една од теориите е дека тоа е денот кога Свети Патрик умрел. Поради тоа што празникот започнал во Ирска, се верува дека ирците го прошириле низ целиот свет, ја земале со себе својата историја и прослави.

Најголемата прослава е се разбира во Ирска. Со исклучок на рестораните и пабовите, речиси сите други бизниси се затворени на 17 март. Поради тоа што е верски празник многумина од ирците присуствуваат на миса. Во американските градови со голема ирска популација, Денот на Свети Патрик е многу важен ден. Во сите градови се слави со паради, облечени во зелено, музика и песни, ирска храна и пијалок. Некои заедници дури одат дотаму што бојат реки или потоци во зелена боја!

Свети Патрик е светец и национален апостол на Ирска. Тој е заслужен за доведување на христијанството во Ирска. Повеќето од она што се знае за него потекнува од неговите две дела „Confessio“ духовна автобиографија и „Epistola“, откажување од британските малтретирања на ирските христијани. Свети Патрик се опишал себеси како „скромен човек“,благодарен  на својот Творец за тоа што го избрал како инструмент за да ги преобрази луѓето кои се поклонувале на идолите и нечистите работи во Божји народ.

Фестивалот што се одржува во понеделникот во Даблин се очекува да го посетат над милион луѓе. На Денот на свети Патрик ширум светот се пијат 10 милиони литри пиво Гинис, познат ирски бренд, тврди претставникот за медиуми од фабриката Гинис, Дејвис Рајан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.