Колумни

27 Април – Македонски државен празник, како што е и 11 Октомври

27 Април – Македонски државен празник, како што е и 11 Октомври

ПО ДРЖАВНИОТ УДАР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПОВЕЌЕ АВТОРИ ПИШУВАА ЗА ОКУПАЦИЈА ВРЗ МАКЕДОНИЈА КАКО И ЗА КРАЈ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА. ВО СУШТИНА КАПИТУЛИРА СДС-ВМРО-вскиот ПРОЕКТ ЗА МАКЕДОНИЈА. КАПИТУЛИРА ЗАТОА ШТО НА САМИОТ ПОЧЕТОКОТ БЕШЕ АМПУТИРАН, БЕШЕ КВИСЛИНГШКИ т.е. АКО ПОЧНЕМЕ ОД УСТАВОТ, ПРОДОЛЖИМЕ СО ИНСТИТУЦИИТЕ И ДОНЕСЕНИТЕ ЗАКОНИ.

Во периодот 1991-2017 македонската држава беше маќеа за македонскиот народ, за македонските патриоти и бранители. Истовремено беше мајка за сите нејзини уривачи, петтоколонаши и предавници. Тие правеа кариери и завземаа високи државни позиции со додворување кон странците, со трансформирање на божем суверена Македонија

ВО ЗОНА НА АМЕРИКАНСКИТЕ, И ВООПШТО ЗАПАДНИТЕ ИНТЕРЕСИ, ДЕНЕС ОД ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ МАКЕДОНСКИ ВРЕДНОСТИ НЕМА НИТУ МИРИС ВО НАУКАТА, ОБРАЗОВАНИЕТО, ЗДРАВСТВОТО КАКО НИТУ ВО СУДСТВОТО.

Денес, во споредба со периодот од времето на окупација од 1941-1944 година се наоѓаме во многу потешка состојба. Затоа што тогаш немавме држава и институции, туку, само партиски структури, колаборационисти и наводни интелектуалци кои се приклучуваа кон окупаторите и станаа дел од нивните институции. Во изминатиот 26 годишен период не само колаборационистите и квинзлинзите, туку и САМИТЕ ОКУПАТОРИ ВЛЕГОА ЛЕГАЛНО ВО МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ И ОД ВНАТРЕ ГИ УНИШТИЈА:

Прво – бесмислено е да бараме разлики меѓу СДС и ВМРО, како и сличности меѓу СДС и македонските комунисти од минатиот век, така и меѓу денешново ВМРО и Делчевата Внатрешна револуционерна организација. РАКОВОДСТВАТА НА ДЕНЕШНИТЕ СДС И ВМРО СЕ СТРАНСКИ МАРИОНЕТИ, ПА ДУРИ И’ СЕ ФАЛАТ СО ТОА.

Второ – тие странски марионети не само што заеднички капитулираа пред албанските терористи во 2001 година, туку ги амнестираа за нивните ѕверства врз македонскиот народ, ги направија партнери во државната власт и финансиски ги обезбедија за нивниот тероризам. Спротивно, македонските бранители на државата сè уште се запоставени, невработени, но затоа добија и парични казни за нивниот патриотизам. И денес, истото е видливо со македонските бранители, со она што се случи во Собранието на 27 април. Нив ги приведоа, но затоа ТЕРОРИСТИТЕ ДОБИВАТ МОЖНОСТ ДА УПРАВУВААТ СО ДРЖАВАТА. ЗАРАДИ ПРЕДАВСТВОТО НА СДС И ВМРО, ТИЕ СО 16 отсто ЈА ДОБИЈА МОЖНОСТА ДА ГИ ТЕРОРИЗИРААТ ОНИЕ со 84 отсто. Меѓу апсените на пример, е и Маријан Стоевски од Драчево – невработен, со жена и 2 мали деца, кој живее во целосна мизерија со исклучена струја од неколку години. Но, затоа на шиптарите не им ја исклучуваат струјата и кога неплаќаат. Нив ги вработуваат, не одат на работа, а платата им се носи дома. Но Марија, Горан Ангелов и Нестор, се од Драчево, сè македонски патриоти и затоа ги казнуваат.

Трето – за тие уапсени патриоти…