Нови 50 решенија за легализација во Општина Ѓорче Петров

сокол

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски  ги потсети граѓаните кои се уште не поднеле геодетски елаборат, тоа да го сторат што поскоро, за да ги легализираат своите дивоградби, а процесот на легализација да заврши во законски утврдениот рок.

Ова постојано го потенцирам бидејќи крајниот рок за доставување на геодетскиот елаборат е Декември 2016 година. Тоа треба да биде силен сигнал за сите наши сограѓани да не губат време и да изготват геодетски елаборат, по што општината ќе може да го заврши предметот за легализација во нивни интерес и конечно да изготви решенија за легализирање на овие објекти, истакна Митровски.

Во изминатиот период општината го зголеми бројот на комисии кои излегуваат на терен, со цел зголемена ефикасноста во решавањето на предметите.