Тодоров: Нашиот отчет е нашата гаранција!

Се ближи крајот на кампањата, се ближи денот кога секој од вас ќе може да го каже својот суд. Јас би сакал да побарам од секој од вас пред да одлучи за кого ќе го даде својот глас, добро да размисли низ што се поминавме. Што се случуваше и кој сето ова го организираше. Дали ова што и се случуваше на Македонија беше во корист или на штета на граѓаните и државата, дали позитивно влијаеше на економијата, инвестициите, сигурноста? Дали кризата која на моменти се закануваше комплетно да ја кутне државата беше во ваша корист? Која доби нешто од кризата и дали сакате да заврши? Одговорот на овие прашања на секого ќе му помогне како да одлучи, со овие зборови им се обрати вечерва носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ 2 Никола Тодоров од Ѓорче Петров.

-ВМРО-ДПМНЕ ја има најдобрата програма со 100 проекти за секој граѓанин во Р. Македонија. Важно е да имаш програма, но треба да имаш и гаранција. Нашиот отчет е нашата гаранција. ВМРО-ДПМНЕ може достоинствено да застане пред вас. За следните 4 години предвидуваме бројни и проекти за Ѓорче Петров, рече Тодоров.

Тој посочи дека ќе бидат изградени училишта улици, доизградба на канализацијата во Волково, изградба на тениски терени, 140 нови детски градинки, зголемување на плати и пензии, зголемување на социјална помош, еднократна парична помош за деца без родители, субвенции за греење на пелети, ва Скопје изградба на 3 подземни сообраќајници и многу други проекти кои ќе им го подобрат живото на граѓаните.

-Сакам да ве замолам лично да ја прочитате програмата на СДСМ, не препишаниот дел, туку да го прочитате оној дел кои самите го напишале, а по нарачка на некој друг. Ветиле политипни општини, не сум шовинист, ги делам луѓето на добри и лоши. Дали е добра политика градоначалникот на Сарај да има униформирани и вооружени полицајци и да има одделени за издавање на пасоши и лични карти. Дали со ова нешто ќе добиете. Одберете го она што е подобро за вас и за државата, рече Тодоров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.