Запленети 14 килограми дрога на „Богородица“

дрога

Како што пренесуваат од полицијата, лицата се дале во бегство на територијата на Македонија, при што фрлиле два ранци.

Од страна на полициски службеници од полицијата на граничниот премин „Богородица“  во двата ранци биле откриени 14 пакувања марихуана со вкупна тежина од 14,5 килограми.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.