Јавен повик за повластено користење на јавниот превоз

повластено

Заинтересираните граѓани, лица со оштетен вид, лица со оштетен слух, лица со телесно оштетување, лица со интелектуална попреченост, бубрежно болни лица, како и инвалидите на трудот, инвалидски пензионери и воените инвалиди, правото на повластено користење на јавниот градски превоз можат да го остварат преку соодветните здруженија на граѓани организирани на подрачјето на градот Скопје.

За остварување на правото на повластено користење на јавниот градски превоз во 2017 година, заинтересираното лице со посебни потреби поднесува барање до здружението на граѓани во кое членува.

Здруженијата на граѓани, конечниот список на баратели кои ги исполнуваат условите и за кои предлагаат добивање на билети, го доставуваат до Градот Скопје, најдоцна до 23.12.2016 година.

За дополнителни информации претставниците на здруженијата можат да се јават на телефон 3297- 321.