вторник, 27 јуни 2017  |  Вести денес: 0

Се асфалтираат велосипедски патеки

Деновиве интензивно се работи и на изградба на велосипедските патеки од Рута 2 од „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“, каде се врши асфалтирање на велосипедските патеки по должината на булеварот „Партизански одреди“, во делот од поликлиниката „Букурешт“ кон трговскиот центар „Сити мол“.

asfaltiranje-na-velosipedski-pateki-ulica-gjorce-petrov-5

Последни вести

Продолжуваат градежните активности во рамки на мега проектот за изградба и реконструкција на велосипедските патеки „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“.

Деновиве екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ работат на повеќе локации за оформување и асфалтирање на велосипедските патеки во рамките на овој проект.

Деновиве се врши асфалтирање на велопатеките по должината на улицата „Ѓорче Петров“, каде претходно беше извршена целосна реконструкција на коловозот на оваа улица.

Деновиве интензивно се работи и на изградба на велосипедските патеки од Рута 2  од „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“, каде се врши асфалтирање на велосипедските патеки по должината на булеварот „Партизански одреди“, во делот од поликлиниката „Букурешт“ кон трговскиот центар „Сити мол“.

Рутата 2 од проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“ е со вкупна должина од 11 километри и ќе ги поврзе општина Аеродром, преку општините Центар и Карпош, до општина Ѓорче Петров. Таа ги опфаќа булеварите Февруарски поход, Видое Смилевски Бато, Јане Сандански и Кузман Јосифовски Питу, Кеј 13 Ноември, плоштадот „Македонија“, булеварот ВМРО и булеварот Партизански одреди до Порта Влае.

Најчитани вести