На жените сепак им е важна големината на „машката гордост”?

Жените оценувале колку кој од 53 мажи им е привлечен, а се испоставило дека најважни им се формата на торзото, височината и големината на пенисот. Истражувањето е спроведено во Австралија.

Се чини дека сепак, големината на пенисот на жените им е многу важна при донесувањето одлука за тоа кој маж го сметаат за привлчен, тврдат авторите на истражувањето од Националниот универзитет во Австралија. Во студијата била користена компјутерска анимација со која на жените им покажувале мажи во различни варијации, односно, им го менувале изгледот, големината на пенисот, височината, форма на торзото итн.

Секоја жена во истражувањето погледнала 53 машки тела кои од компјутерот биле проектирани на ѕид во природна големина. Секое тело го оценувале на скала од 1 до 7.

Токму градбата на торзото се покажала како најпривлечна за жените, а височината и големината на пенисот го зазеле второто место, што покажува дека тврдењето дека на жените „големината не им е важна“, баш и ’не држи вода’ – барем не кај жените кои учествувале во ова истражување.

Се испоставило дека жените ги фаворизираат машките полови органи кои се малку поголеми од просекот. Некои од нив дури се правдале со зборовите дека поголемиот пенис покажува дека мажот е здрав и силен, пишува „Daily Mail”.

Сепак, со резултатите од ова истражување не би се сложиле многу жени. За квалитетна врска, сепак најважен е карактерот на мажот, а не неговите димензии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.