вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 65

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода со хуманитарна помош за семејството Христови

Семејството е во тешка состојба и затоа веднаш по објавувањето на веста, ние ја спроведувме оваа хуманитарна акција, а за во наредниот период ќе направиме напори да им обезбедиме и дрва за огрев, истакна претседателот на Општинскиот комитет Кисела Вода на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

pomos1-640x481

Последни вести

По објавувањето на сторијата од страна на телевизија Сител, за тешката состојба на семејството Христови од Припор, претседателот на Општинскиот комитет Кисела Вода на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ги посети при што им беа донирани прехрамбени продукти и средства за лична хигиена.

Семејството е во тешка состојба и затоа веднаш по објавувањето на веста, ние ја спроведувме оваа хуманитарна акција, а за во наредниот период ќе направиме напори да им обезбедиме и дрва за огрев со оглед на тоа што станува збор за самохран родител со две малолетни деца и една 70 годишната баба која е изнемоштена и едвај подвижна, истакна Ѓорѓиевски.

pomos-640x481

Инаку Општинскиот комитет Кисела Вода на ВМРО-ДПМНЕ за време на новогодишните и божиќните празници, донираше храна, облека, лекови, огревно дрво и средства за лична хигиена во 30-тина семејства со зголемен социјален ризик.

Најчитани вести