Хакиран сајтот на полицијата на Федерацијата БиХ

Интернет страната на Полициската управа на Федерацијата Босна и Хервеговина беше цел на хакерски напади и од утрово до неа е невозможно да се пристапи, јави Танјуг.

Одговорност за нападот презеде група која себеси се нарејува „Анонимуси Босна“.

– Наш мотив е предизвикот, но и борбата против корупцијата на оние кои се на власт. Нашето моќно оужје се компјутерот и тастаурата. Аномимуси се тука за да застанат во заштита на вашата слобода, се наведува во пораката на групата.

„Анонимуси Босна“ најави и дека ги следи владините служебници и дека наскоро „се ќе изнесе во јавноста“.

– Очекувајте не, гласи пораката на „Анонимуси Босна“.