Манчестер Сити нуди 35 милиони евра за Лук Шоу

Раководните лица на најбогатиот клуб од англиската Премиер лига, Манчестер Сити испратија јасен сигнал дека нема да жалат пари кога е во прашање потписот на репрезентативецот на Англија и стандарден првотимец во дресот на Саутемптон, Лук Шоу.

Англиските медиуми се убедени дека, интернационалната групација „Абу Даби”, која е сопственик на Манчестер Сити, на стартот од летниот преоден рок ќе испрати официјална понуда за офанзивниот лев бек и дека истата нема да биде помала од 35 милиони евра.

Третина од потребните пари, челниците на Манчестер Сити ќе ги обезбедат со продажбата на српскиот интернационалец, Александар Коларов, кој веќе информиран дека ќе биде продаден на првиот клуб кој ќе испрати официјана понуда за неговите услуги не помала од 12 милиони евра.

Понуда за Шоу, но не толку богата, можно е да испратат и раководните лица на Манчестер Јунајтед и на Челзи.